Интезивно се работи на изградба на обиколницата во Штип, Мицкоски на увид во градежните активности

Интезивно се работи на изградбата на обиколницата во Штип, со која ќе се поврзат влезот и излезот на градот како и неколку населби. Денеска увид во градежните активности изврши градоначалникот Јорданов, заедно со премиерот Мицкоски, како и неколку министри од Влада. Овде се предвидува зона за домување и лесна индустрија, како и уредување на просторот и изградба на линија 2.

„Проектот предвидува нова сообраќајница во должина од 3,2 километри, поврзување на еден дел со друг дел на градот. Согласно ГУП овде се предвидува зона за домување, зона за лесна индустрија. Работиме интезивно за основно уредување со изградба на Линија 2, два нови резервоара“ – вели Јорданов.

Во меѓувреме Штип аплицираше со шест проекти на повикот од Влада. Станува збор за проекти кои се од суштинско значење за Штип и за граѓаните. Овде пред се се проекти од областа на патната инфраструктура, но и изградба на парк, кале на Исарот, како и инсталирање на СКАДА системот.

„Еден од овие проекти е во продолжение на овој проект каде денес се наоѓаме. Тоа е изградба на еден парк на површина од 20 илјади метри квадратни веднаш до бања Кежовица. Се аплицираше и за булеварско уредување на излезот од градот во должина од 1,7 километри кон Скопје, булеварот „Гоце Делчев“ ќе добие продолжение, нова сообраќајница во централното градско подрачје.“ – додава Јорданов.

Со овие проекти на краток и среден рок се очекува постигнување на високи резултати за равој на градот.

Увид во градежните активности се изврши и на булеварот Партизанска.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет