
„До каде е проектот со регионалната депонија“ – Со транспаренти и денеска жителите од село Бели кочанско излегоа на предупредувачки протест на градската депонија во Кочани. Веќе недела дела чадот од депонијата ги гуши, а и покрај ветувањата од страна на наделжните решение на виделина нема.
„Можам да кажам дека сме ќелни за чист воздух, да не зборам за болните луѓе кои ги имаме во селото. Земјоделците во село Бели не можат да прозведат здрава храна, затоа што ние немаме здрава животна средина. Апелирам до Локалната самоуправа, до Министерството за животна средина, до инспекторатот доколку имаат слух да ни помогнат со оваа ситуација.“ – вели Цебов.
Ако проблемот со депонијата не се реши во најбрз рок жителите од село Бели најавуваат поголем протест со блокада на патниот правец кон Пониква.
„Претходните години депонијата се заштитуваше со алги и не чуреше. Летото имавме инцидент, сега повторно истата ситуација. Водовод наплаќа за изнесот, депонирањето, а сега се жалат на стара механизација. Доколку не се санира овоа ние ќе го бликраме патот кон Осогово.“ – вели Данов.
Директорот на КЈП Водовод Кочани, во саботата на прес конференцијата истакна дека проблемот нема да чека и дека депонијата ќе биде изгасната за два дена. По фактичката ситуација на терен, денеска во телефонски разговор за М – Нет телевизија истакна дека демоктратско право на граѓаните е да протестираат и тој го почитува тоа. Потенцираше дека и денеска механизација ќе излезе на терен за да се изгасне депонијата и да се реши приблемот пред сѐ за жителите од село Бели.
Лаура Стојанова М-Нет