
Нови кучиња во центарот на Штип ги вознемируваат граѓаните. Реагираат дека од вчера на улица во централното градско подрачје се забележани нови кучиња, кои немаат соодветни маркици и преставуваат опасност за нив. Бараат од надлежните да излезат на терен и да регираат. За вака поставената ситуација во центарот на Штип одговор побаравме од Општина Штип. Раководителот за инспекциски работи при општината во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека пријава пристигнала и кај нив и дека ќе се постапи по истата.
„Вчера добивме пријави дека нови кучиња има и денес бевме на терен со комуналниот инспектор и забележавме дека има нови кучиња, необележани. Веќе е пријавено во економскиот оператор Тодор Велков и наредата недела ќе ги заловиме овие кучиња. Овие кучиња не доаѓаат сами од себе, најчесто се од неодговорни сопственици кои ги пуштаат своите кучиња да скитаат по улиците“ – вели Ѓоргиевски.
Ѓоргиевски потенцираше дека во соработка со комуналниот инспектор започнале акција со кој опомени и казни ќе се пишуваат на сопствениицте кои своите миленици кучиња ќе ги остават на улица.
„Со комуналниот инспектор веќе започнавме и една акција за оние кучиња за кои ќе утврдиме кој е споственик ќе му се пушти опомена, а во следна фаза ако кучињата пак бидат забележани на јавна површина ќе следиува глоба.“ – додава Ѓоргиевски.
Акциите за заловување на бездомните кучиња се спроведуваат секоја недела на разна локација во Штип по пријава на граѓани. Минатата недела се заловуваше во населба Леваци, во центарот на Штип како и во населбата Осми Ноември.
Лаура Стојанова М-Нет