
Познати судиите за третата рунда на Првата македонска фудбалска лига, која се отвара веќе денес во Гостивар со мечот за прва победа меѓу Арсими и Башкими. Правдата ќе ја дели Александар Василевски, а ќе има поддршка од Гоце Петрески и Мартин Дејасноки како негови помошници, додека пак Фуркан Идризи ќе биде четврти судија. Во ВАР собата ќе бидат Фатмир Бафто и Мишо Ѓорѓиески.
Правдата во Кратово на мечот меѓу Силекс и Скопје кој стартува утре во 16 часот ќе ја дели Благојче Ралевски, а негови асистенти ќе бидат Николче Дрнковски и Петар Степановски, а пак Стојанче Стојанов од Штип е четврти судија. ВАР судија е Александар Грујсоки, а пак Фуркан Идризи е АВАР.
Половина час подоцна Јован Качевски ќе им суди на Тиквеш и Шкендија Арачиново во Кавадарци, а ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски, а четврти судија ќе биде Владимир Ѓорѓиевски. Во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ и Дарко Видиниќ.
В недела од 16:30 часот ќе стартува мечот меѓу Струга Трим Лум и Вардар, а главен арбитар ќе биде Доне Ристовски, а ќе му помагаат Драган Трпчевски и Душко Панов, а пак Боби Величков ќе биде во улога на четврти судија.
ВАР судија ќе биде Стојанче Трпчевски, а пак Мартин Дејаноски АВАР судија.
Колото се затвара со мечот меѓу Шкендија и Брегалница закажан за во 19 часот, а делител на правдата ќе биде Влатко Илиоски со неговите асистенти Борис Трајков и Дино Конески, а пак четврти судија ќе биде Марјан Дејаноски.
Во ВАР собата ќе биде Никола Костенчев како ВАР судија, а пак Гоце Петрески ќе биде АВАР судија.
Александар Ванев, М-Нет