
Беласица новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ја отвара на домашен терен против Осогово од Кочани, меч кој ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Струмичани ќе ја имаат фаворитската улога за трите бодови, а Осогово доаѓа во обид за позитивен резултат и успешен почеток на сезоната.
Беласица која прослави 104 години од своето постоење сезоната ја отвара со цел да биде во горниот дел од табелата и сериозно да се вмеша во трката за враќање во елитата.
Следете го натпреварот од Струмица меѓу Беласица и Осогово, сабота од 17 часот.
В недела, на М Нет телевизија ќе можете во живо да го следите и мечот од Битола меѓу Пелистер и Камјани од 20 часот.
Александар Ванев, М-Нет