
Возачот на брзата помош во Кочани, Иле Гоцевски ќе биде постхумно одликуван. Како што посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, неогавата похртвуваност, помош и поддршка кобната ноќ е неспорна и токму затоа неаредната недела ќе биде постхумно одликуван.
„Дека е направил огромна работа со превозот на пациенти тоа е неспорно. Јас планирам како министерство за здравство посхумано неговото семејство да го повикам и да го одликуваме. Идната недела планирам да го одликувам посхумано“ – вели Таравари.
Иле Гоцевски беше долгогодишен шофер на возилта од брзата помош во Кочани. Кобната ноќ кога исгоре дискотеката тој 11 пати возел пациенти за Скопје, а превзелува деца и до кочанската Брза помош. Работел 32 часа со цел да помогне да се спасат повеќе човечки животи. Отишол дома да одмори и не се рабуди веќе.
За него се одржа и комеморација во Општата болница со проширена дејност Кочани.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет