
Шестмина од починатите во ужасниот пожар во дисктоеката во Кочани се малолетници, три жртви се на возраст од 16 години и три жртви се на возраст од 17 години. 53 од починатите се полнолетни покажуваат податоците од Институтот за судска медицина доставени до Основното јавно обвинителство. Животите ги загубија 41 машко и 18 женски лица. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години.Според официјално објавените податоци, шестмина се на возраст од 21 година, а на возраст од 18 и 36 години загинати се по четири лица. На 16-годишна возраст загинати се тројца, исто толку и на 17-годишна возраст и на 25 години. По двајца загинати има на 20, 23, 27, 31, 38 и 44 години. По еден загинат има на возраст од 19, 29, 32,33, 43, 47 и 48 години.
Најголем дел од починатите се од Кочани – 31, шест од Облешево, по пет од Скопје и од Штип, тројца од Пробиштип, двајца од Виница и по еден од Зрновци, Соколарци, Чифлик, Тркање, Оризари, Струмица и Македеонска Каменица.
Денеска во Кочани ќе бидат погребани, речиси, сите починати, освен едно лице чиј погреб е одложен за утре од семејни причини.
Трагичната несреќа се случи рано неделата во дискотеката „Пулс“ каде настапуваше групата „ДНК“. Во несреќата животот го загубија и голем дел од членовите на групата.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет