
Почина маж од Штип кој изгорел во собата во која живеел. Имено рано утринава во полициската станица Штип бил пријавен пожар од страна на Територијалната противпожарна единица Штип, кои биле на местото на настанот. На улица „19 бригада“ во Штип човекот живеел под кирија, сопственикот на куќата утринава забележал чад од неговата соба и повикал пожарна. И покрај брзата интервенција, човекот веќе починал.
Полициски службеници од полициската станица Штип беа на местото на настанот, увид изврши Јавен обвинител, а смрт е констатирана од страна на Брзата помош Штип.
Командирот на територијалната противпожарна единица Штип, Дарко Коцев, истакна дека на терен излегле со две возила и седум пожарникари утринава, во 7:20 часот. На местото е затекнато изгорено човечко тело при што веднаш се повикани екипите на брзата помош и полицијата. Пожарот за брзо време е локализиран.
Лаура Стојанова М-Нет