Лесно ли е да се најде такси возило во Кочани и колку е исплатливо?

Такси услугата во Општина Кочани – проблем за граѓаните, за дел бидејќи не можат лесно да најдат такси возило, за друг дел бидејќи цената е многу висока. На терен екипата на М Нет Tелевизија направи обиколка. Паркирани такси возила имаше на неколку постројки, но таксистите не сакаа да зbоруваат пред камера за животот и егзистенцијата од работата како такси возач. Повозрасните анкетирани граѓани велат лесно може да се најде такси возило, но услугата е многу сакапа. Заради тоа тие си го користат јавниот превоз, односно автобусот кој за 20 денари ги носи од Кочани до село Оризари. Помладите, пак, со став дека е доста тешко да се дојде до такси возило.

Истовремено, доста се застапени и таканаречените дивите таксисти кои може да се забележат секојднeвно и речиси секаде. Најлесно во Кочани такси возило може да се најде на градскиот плоштад, велат граѓаните, и тоа во четврток. Но Кочани е една од ретките општини во Истокот каде има јавен превоз, кој граѓаните го користат секојдневно, бидејќи им е поисплатливо и сигурно. Со автобусот кој се движи неколкупати во текот на денот се опфаќаат повеќе локации во Кочани, централното градско подрачје, како и приградските населби.

Лаура Стојанова М-Нет