Избрана фирмата изведувач, од оваа пролет ќе се гради нова сообраќајница кон КБ Штип

Избрана фирмата изведувач која од оваа пролет треба да започне со активности за изведба на нова сообраќајница кај паркот Пролет во Штип. Со истата ќе се поврзува штипската Клиничка болница и средното медицинско училиште „Јане Сандански“, а истовремено растеретени од сообраќај ќе бидат сега постоечки улици кои водат до болницата.

„Тоа значи дека три сообраќајници „Мирче Ацев“, „Вита Поп Јорданова“ и „Љубен Иванов“ кои водат на тој дел од градот ќе бидат растеретени со формирањето на оваа нова сообраќајница. И овој тендер е завршен, очекувам напролет да се почне со активности, избрана е најповолона фирма, компанија која ќе ја гради и верувам дека ова ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж кој се јавува на овие три улици.“ – вели Јорданов.

Дополнително ќе се работи и на нов кружен тек кај ЕВН, со што ќе се работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот во Штип. Тековно ќе се работи на 17 улици кои се стари и дотраени, а оваа година ќе бидат целосно реконструирани.

„Улици во наелба Пребег, Баби, Леваци, станува збор за тековно одржување, не станува збор за нова инфраструктура, туку за улици кои се дотраени, амортизирани и ќе бидат реконструирани.“ – вели Јорданов.

Оваа година штипјани ќе бидат сведоци на низа капитални проекти кои треба да се реалзираат во градот посочи Јорданов, спомувајќи ги обиколницата, СКАДА системот, булеварот Гоце Делчев кај клучка со населба Три Чешми, спортскиот центар Џексон и слично.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет