
Денеска во судот во Штип продолжи судењето за Стојанче Зарков, синот кој летото минатата година ја уби својата 84 годишна мајка. Стојанче и на денешното судење изјави дека не се сеќава дали ја убил својата мајка или не. Пред судот објасни дека тој ден на 8 август минатата година ги извршувал основните секојдневни обврски, купил јадење и лекови за неговата мајка и излегол на кафе. Вечерта дома се вратил со такси возило. Потоа вели дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика, а кога влегол кај неа забележал дека од вратот и тече крв. Повикал брза помош, а дошле и полиција и јавен обвинител.
Кога се јавил во ЦУК за да побара помош, Зарков се обратил со зборовите, „За прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“. Но, денеска тој посочи дека не се сеќава ниту на ова, туку дека го дознал откако ја слушнал снимката во Судот.
Потврди дека има проблеми со алкохолот и дека можеби требало да се лечи во институција, но додаде дека од разни причини не го направил тоа.
Стојанче и на претходните судење истакна дека не се чувствува виновен за смртта на неговата мајка, однонсо дека не се сеќава дали ја убил или не.
Настанот се случи на 8 август 2025 година, во семејната куќа на Заркови, нешто по полноќ.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет