
Ивица Вучевски е назначен за нов началник на СВР Штип од страна на техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Секторот во Истокот беше на списокот на новиот министер кој содржеше општини каде тој ги менува началниците на секторите или одделенијата за внатрешни работи. Вучевски доаѓа на местото на началникот Боби Гидиоски, кој, пак, сега е дополнителен заменик на началникот на СВР Штип.
Тошковски има законско право да избере 15 позиции за распоредување на свои кадри. Техничката влада одобри 14 од 15 позиции, а едниот, предлогот за нов началник на СВР Тетово, бил отфрлен без образложение. Од матичната партија на Тошковски истакнаа дека за тетовската полиција ќе биде избран кадар во координација со градоначалникот на Тетово.
Кадровските промени се законско право на техничкиот министер за внатрешни работи за да обезбеди оперативно функционирање на Министерството до изборите, односно додека му трае мандатот.
Ребека Спасова М-Нет