Иванов: СДСМ ќе биде силна опозиција и колектив на општеството!

СДСМ ќе биде силна опозиција и колектив на општеството истакна денеска на прес конференција новиот претседател на ОО на СДСМ Штип, Павел Иванов. Посочи дека во периодот кој следи партијата ќе се води по принципите на почит,организирана работа и одговорно однесување со што ќе се врати довербата кај граѓаните и кај членството. Дециден е дека енергијата во партијата се враќа повторно.

„Она што на почетокот да го истакнам како мој прв впечаток по преземањето на оваа функција, низата одржани средби со нашите членови е дека се враќаат енегријата и ентузијазмот во партијата. Како во мојот приватен така и во професионалниот живот се водам од принципите кои значат другарство, почит, тимска и организациона работа и темелно и одговорно однесување. Мојата цел во перидот кој следи е да ја вратам довербата кај граѓаните со добар план. СДСМ ќе биде силна опозиција и колектив на опшштеството.“ – вели Иванов.

Иванов на денешната прес конференција најави многу работа, интезивен партиски ангажман, средби со граѓаните со цел враќање на партијата на победничките патеки.

Лаура Стојанова, М-Нет