
Штип е првата општина која доби три еко соларни постојки на три атрактивни локации во градот. Постојките ќе се напојуваат со соларни панели и ќе бидат во функција на граѓаните кои го користат јавниот превоз, но и засолниште од временските неприлики.Тие ќе им служат на граѓаните и како можност за полнење на смарт уредите со усб полнач, нпо и достапни вградени компресори. Инаку возните редови ќе бидат поставени на постојките со цел подостапни информации на граѓаните.
Се работи за три еко соларни смарт постојки кој што се поставени на денешната локација во населба Ново Село и во населба Караорман. Овие постојки ќе се напојуваат со соларни панели и ќе бидат во фунција на граѓаните кои што го користат јавниот превоз, пред се како засолниште од временските неприлики, а покрај тоа ќе содржат информации за возните редови, усб полначи за смарт уреди како и вградени компресори за воздух за велосипеди.
Постројките се со современ дизајн и се наѓоаат на атрактивни локации, воедно истите нудат одлична можност за закуп како рекламна површина од компании кои имаат интерес да ги рекламираат своите производи. Издвоени се 1.5 милиони денари за реализација на проектот.
Вкупната вредност на проектот е 1.5 милиони денари. Дел од овие средства се обезбедени како неповратен гранд од УСАИД, а дел се инвестиција на ЈП. Со задоволство можам да кажам дека Штип е првата Општина која што има поставено постојки од овој тип, а во иднина ќе настојуваме да ја надградиме соработката со УСАСИД и на повеќе локации да поставуиме Еко соларни смарт постојки за еден поурбан и модерен изглед на градот.
Инаку трите еко соларни постојки се поставени кај трговскиот центар во централното градско подрачје, во Ново Село и Караорман.