
Во недела со почеток од 17 часот се играат натпреварите од последното 33. коло од Првата македонска фудбалска лига, со што ќе остане баражот помеѓу Скопје и Вардар со цел да биде комплетирана сезоната.
Веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од последното коло во елитата на Македонија.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 33. КОЛО ПМФЛ:
Победа – Тиквеш, Благојче Ралевски (Битола)
Скопје – Брегалница, Влатко Илиоски (Прилеп)
Академија Пандев – Силекс, Христијан Божиновски (Скопје)
Работнички – Шкендија, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Струга Трим Лум – Шкупи, Игор Иванов (Велес)