
Во сабота се игра последното коло од Втората македонска фудбалска лига, со што ќе останат само баражите за комплетирање на сезоната. Во сабота на програмата се осум натпревари, кои ќе стартуваат во 17 часот, а познати се и судиите кои ќе ја делат правдата.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 30. КОЛО ВМФЛ:
Пелистер – Каменица Саса, Димитар Пилешков (Штип)
Локомотива – Беса, Ндерим Тефику (Куманово)
Караорман – Гостивар, Дејан Младеновски (Скопје)
Борец – Воска Спорт, Александар Василевски (Скопје)
Детонит Плачковица – Слога Виница, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Охрид – Беласица, Бењамин Ќерими (Скопје)
Арсими – Тетекс, Боби Величков (Велес)
Кожуф – Вардар, Ристе Сејменов (Струмица)