
Завршена еднонеделната обука на тренери и судии во борење. Впрочем, во Кочани изминатата недела се одвиваше настан на кој се обучуваа и надоградуваа тренери и судии во борење. Обуката се состоеше од теоретски и практичен дел на кој се учеа основните, но и напредните нивоа во борењето како спорт. Завршниот настан беше со тестирање на наученото.
„Настанот беше едукација за тренери и судии, кој беше во Кочани. Денеска е последен ден, на истиот има тестирање за тоа што научиле во периодот додека беше едукацијата. Имавме претставник од Бугарија, Ѓорѓи Сретков, кој беше одговорен за обука на тренерите, а имавме и претставник за обука на судиите кој беше од Хрватска. Јас како претседател сум задоволен од целиот настан. Ние како Федерација работиме на секое поле и освен во спортовите, вложуваме и во тренерите и судиите и тоа ќе продолжи и понатаму. Сега имавме само од Македонија, преку 40 тренери и преку 20 тренери. Мислам дека на оваа обука научиле доста и во текот на годината ова ќе им служи многу, не само за оваа година, туку и за понатаму. Ова е само еден почеток, а и понатаму ќе продолжи и мислам дека ќе имаме поголем интерес“, вели Дејан Богданов, претседател на Федерацијата.
Едукаторите на тренери и судии кои беа од Бугарија односно од Хрватска се задоволни од еднонеделната обука, додавајќи дека македонските тренери односно судии се доста заинтересирани да научат нешто ново.
„Овде сме за да спроведеме еден тренерски курс за да се подобри нивото на борба во Македонија. Пет дена тренерите и судиите работеа заедно, секој во својата свера за да се комплетира работата и на судиите и на тренерите. Борењето е спорт создаден да биде задоволство и за гледачите. Македноските тренери беа многу концентрирани во обуката, имаа огромна желба да се науче колку што може повеќе. За мене нема недостатовци има само плусови.Мислам дека обуката тече многу добро“ – кажа Сретков.
„По овие пет дена јас можам да кажам дека сум многу задоволен. Сите македонски судии кои беа овде на семинарот, околу 15 покажаа многу добро знаење и јас им покажав и ги научив некои работи кои можеби не им беа толку познати. Ги запознав со најановите правила во борењето и сега кога глеам како работат гледам напредок и многу сум задоволен. Ова е одличен прокет за да се помогне развивање на борењето во државата“ – додаде
Обуката помина во одлично светло, посочија и судиите од државата кои беа дел од настанот, изразувајќи го своето неимерно задоволство.
Обуката за тренери и судии беше во организација на Борачката федерација на Македнија, Олимпискиот комитет и олимписка солидарност под покровителство на Светската боречка асоцијација.
Лаура Стојанова М-Нет