Змии се појавуваат во коритото на р. Отиња, од Брзата помош смируваат противотров има

Повисоките дневни температури веќе носат опасност од појава на разни животни. Во текот на вчерашниот ден гледачи испратија видео снимки на кои може да се забележи како змија веќе се појавила во коритото на река Отиња. Не се знае каква е змијата и дали е отровна, но сепак прествува опасност за граѓаните и минувачите. Со оглед на фактот дека бројот на змии во летниот период се зголемува прашавме во итната медицинска помош Штип, дали се соочиле со ситуација во која граѓанин е каснат од змија, и колку се подготвени доколку дојде до таков случај. Велат противотров има во доволни количини.

„Не сме имале до сега таков случај, се надеваме дека нема да имаме, но сепак сме спремни имаме противотров. Имаме снабдено доволно количини со противптров“ – кажа Ѓорѓиева.

Според Ѓорѓиева до сега Итната медицинска помош во Штип не е оставена без против отровот кој се користи за граѓаните каснати од змии. Таква е ситуацијата и оваа гаодина. Од Брзата помош смируваат дека нема простор за паника бидејќи тие се подготвени да им излезат во пресрет на барањата на пациентите. Истовремено, апелираат до граѓаните да внимаваат каде се движат со цел да не се доведат во ситуација да бидат каснати од змија.

Лаура Стојанова М-Нет