Земјотрес во медицинското училиште во Штип, реализирана показно – тактичка вежба

Земјотрес во Средното медицинско училиште Јане Сандански во Штип ги крена учениците и варботените, но и институциите на нозе. Дел од средношколците успееа навреме да се спасат и неповредени да го напуштат училиштето, но неколумина од нив останаа заробени внатре. Со помош на екипи од ТППЕ Штип учениците беа изнесени надвор, а прва помош добија од обучени волонтери од Црвен крст Штип. На ваков начин денеска се изведе стимулативна вежба со која се покажа како да се реагира за време на елементрана непогода, конкретно за време на земјотрес.

„Денес во средното медицинско училиште Јане Сандански се релаизираше тактично показна вежба на земјотрес и укажување на прва помош на повредените лица. Обучени волонтери по прва помош на симулирани повреди укажуваа прва помош на повреда на рака и повреда на нога на лицата кои беа внатре во училиштето“ – кажа Димитровска.

Директорката на училиштето, Марија Николиќ истана дека ова е законска обврска на училиштето и тие ја исполнуваат истата. Благодарна е за вложеноста на институциите за реализација на оваа показно татктичка вежба.

„Денес во нашето училиште организиравме вежба симулација при евакуација на учениците за време на елементарната непогодба земјотрес. Се заблагодарувам на сите бидејќи се придржуваа до сценариото кое го подготвуваме“ – кажа Николиќ.

Пред три години во средното медицинско училиште се спорведе и показно тактичка вежба како учениците и вработените да реагираат за време на пожар.

Лаура Стојанова М-Нет