
Колку суеверието е застапено денес? Постарите штипјани пред камерите на М-Нет Тв изјавија дека не веруваат во суеверие, туку се водат според разум и вистина. Тие сметаат дека човек не треба да се води со такви нешта, бидејќи се сомнителни и непотврдени. Дел од нив дури и со иронија ги отфрлаат суеверијата. Мнозинството потврдија дека не веруваат во нешта кои според нив немаат реална основа.
Анкетираните граѓани нагласија дека верувањата и суеверијата најчесто произлегуваат од човечките мисли и потребата за утеха кога нешто не е јасно или објаснето.
„Тоа е се во мислите на човекот а мислите влијаат само зависи колку се присутни, ние колку можеме да ѓи контролираме чувствата. Тоа е човечка слабост траже спас, утеха, нешто кога не му е јасно и тој се потпира на се и сешто. Некогаш се случи, времето или природата дадат некој позитивни работи и луѓето веруваат дека тоа е тоа, кај некој луѓе влијае самата промена на мисли, меѓутоа човекот си помага, што е едноставно тој почнува да верува во самата приказна.“, велат анкетираните граѓани
Според анкетираните нема простор за суеверие, мнозинството се водат според факти и научнио објаснувања.
Дајана Сандева, М-Нет