За првпат асфал добива улица во село Радање, се реализира проектот „Карбинци без кал“

За првпат улица во село Радање ќе добие асфалтен слој. Станува збор за една од двете улици кои треба да се асфалтираат и се најавени од страна на градоначалникот Виктор Паунов. На улицата денеска се извршуваа земјени работи и подготовка за асфалтирање, а во наредните денови ќе се пристапи и кон поставување на асфалт. Градоначалникот, Викор Паунов истакна дека на ваков начин Општина Карбинци го реализира проектот „Карбинци без кал“.

„Станува збор за реконструкција на една од двете улици во село Радање кој ги најавив во изминатиот период. Се работи за улица долга 200 метри која за првпат ќе добие коловоз која ќе биде значителна за населението овде. Се работи за инвестиција која Општина Карбинци од сопствен Буџет ќе ја чини 500 илјади денари“ – вели Паунов.

Паунов истакна дека и во наредните месеци продолжуваат со реализација на капитални проекти. Истовремено за асфалтирање се подготвува и улицата во Долни Балван, а се очекува да започне и реконструкцијата на патниот правец Долни Балван – Таринци.

Лаура Стоајнова М-Нет