За една недела 22 случаи на грип во Штип, ризични се луѓето со кардиоваскуларни заболувања

За само една недела, односно втората недела од 20225 година во Штип се регистрирани 22 случаи

на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип, се вели во денешната писмена информација од Центарот за јавно здравје-Штип. Во него се наведува дека во однос на возраста, 17 лица се на возраст од 15-64 години, четири заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години и едно лице кај деца на возраст од 5-14 години, додека не се регистирани заболени лица во возрасната група од 0-4 години.

-Почнувајќи од 40 недела, заклучно со втората недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се вкупно 40 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој сè уште е под неделната граница за сезонска активност. Согласно овие податоци, во општина Штип има низок интензитет на вирусот на грип со регистрирана спорадична активност, информираат од Центарот за јавно здравје-Штип.

Лекарите велат дека најризична група се повозрасните граѓани, но и луѓето со кардиоваскуларни заболувања и пациентите кои имаат проблеми со дишните патишта. Токму на нив е ставен акцентот овој период кога грипот зема замав, оти иститот може да биде и животозагрозувачки.

„Во сезоната на грип најзагрозени се сепак лиѓето со хронични кардиоваскуларни проблеми, луѓето со проблеми од дишните патишта, со болести од хроничен карактер, како и другите болни кои заради својата возраст имаат кормобидитети. Грипот од искуството од претходните години кога имало глеми епидемии навистина е животозагрозувачки за оние со потешки форми на хронични болести“ – вели Стоименов.

Граѓаните да водат грижа за сопственото здравје советуваат докторите, да се избегнува групирање. Во случаи кога треба да се посети амбуланта препорачуваат да се носат заштитни маски.

„Треба да се избегнуваат групни собирања и да внимаваат кога ќе имаат болен член во фамилијата да се изолираат. Кога ќе одат во амбуланти да носат маски.“ – додава Стоименов.

Пикот на грипот се очекува кон крајот на овој и почетокот на наредниот месец, па токму затоа се препорачува голема грижа за сопственото здравје, како и конзумирање на витамини и чаеви.

Лаура Стојанова М-Нет