Зачестија измамите со огревни дрва во Штип

На 17.09.2020 во 18.10 часот во Полициската станица Штип, Л.Г.(73) од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 7.000 денари. Според пријавеното, околу 12.00 часот во нејзиниот дом во Штип дошло лицето и ѝ понудило огревни дрва за сума од 7.000 денари. Според пријавата, таа му ги дала парите, по што лицето заминало, но не ѝ донело дрва. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.