Одбележан Европскиот ден на мобилноста

По повод Европската недела на мобилност, денес на ул.„Борис Кидрич“ во близина на камениот мост во Штип, Отсекот за превенција при СВР Штип во соработка со РСБСП, реализираше превентивна активност со делење на флаери, маски за лице и вода.

„Останете активни и пешачете со нас“ е мотото на Европската недела на мобилноста на која и се придружува и МВР Штип. Во пораката за мобилност на населението се потенцираат градовите како активни простори во кои има постојано движење. Со пешачење се чува здравјето на секој поединец. Од МВР со порака да се одбегнуваат сите сообраќајни гужви. Во неделата на мобилноста главна препорака останува користење на велосипед и пешачење.

Маре Стојилова М нет