Започнува садењето на домашен домат и пипер на отворено, првите производи се очекуваат од 20 јули

Пред еден месец насеан, деновиве веќе подготвен за садење, расадот за домашен домат и пипер во штипскиот регион. Земјоделци од Лесковица велат дека годинава расадот е квалитетен и добро развиен. Подготовките се во тек, а бавчите и нивите веќе се подготвуваат за пресадување. По први мај се очекува да започне главната сезона на садење. Сепак, внимателно се следи временската прогноза, која може да влијае врз приносите. Земјоделците велат дека најважно е расадот да биде од добра сорта и да има стабилни услови за раст. Очекувањата се солидна реколта и успешна сезона, а првите тазе домашни домати и пиперки на пазарите се очекуваат да пристигнат веќе од средината на јули.

,,Моментално сега ги спремаме расадите за пипер, домат, марула, блитва, кромид, лук пролетно.Никнато е, тоа е се спремано, сега после први мај ќе садиме.“, велат земјоделците

Иако некои домашни производители излегуваат на пазар уште на почетокот на јули, сепак земјоделците од Лесковица тврдат дека производството не смее да се брза. Расадот, велат, бара грижа, се сее кога му е време, а и пресадувањето мора да биде навремено. Битно е се да биде чисто и органско.

,,После 20 јули, тука наше македонско од први јули па натаму. Кај мене почнува после 20 јули. Од село Лесковица.“, додаваат земјоделците

И покрај предизвиците, земјоделците остануваат оптимисти за претстојната сезона. Велат дека трудот вложен во расадот е основа за квалитетно производство. Очекуваат поволни временски услови кои ќе овозможат добар развој на насадите. Надежите се дека годинава ќе има и стабилен пласман на производите. Првите тазе домашни домати и пиперки на пазарите се очекуваат веќе од средината на јули.

Иван Митев, М-Нет