Карбинци гостува во Берово кај Малеш, делчевска Брегалница оди кај Турново

Од утре продолжуваат натпреварите во Трета лига – Исток, откако во овој третолигашки регион поради Велигденските празници минатиот викенд екипите одмараа.

Во Берово ќе се одигра мечот меѓу Малеш и Карбинци, дуел во кој домаќинот ќе бара трето славје, а пак Карбинци оди по четврти триумф. Двете екипи се во златната средина, Малеш е осми со девет бодови и со триум нема да напредува, но ќе фати приклучок за можен прогрес во следните кола, а пак Карбинци кој е седми има 14 бодови и со триумф ќе може да ма напредок од една позиција.

Брегалница од Делчево ќе гостува кај поранешниот вицешампион на Македонија, Хоризонт Турново дуел во кој турновци ќе ја имаат улогата на фаворити.

Во Дојран пак се игра мечот меѓу Дојранско Езеро и Победа Валандово, дерби на Југот, но дерби за престиж. Тимот од Валандово е фаворит и ја започнува својата кампања за да го стигне Овче Поле на врвот од табелата бидејќи има три меча помалку, а пак дојранчани ќе се надеваат на својата само втора сезонска победа.

Во рамки на 17. коло слободни се екипите на Ударник и Овче Поле.

Александар Ванев, М-Нет