
Општините треба да направат ребаланс на буџетите, да ги изменат плановите за јавни набавки, а веднаш потоа да отворат постапки за избор на изведувачи за проектите од вториот јавен повик, истакна денес министерот за локална самоуправа Златко Перински. Посочи дека динамиката на имплементација ќе зависи од големината на проектите, кои се движат од неколку стотици илјади денари до повеќе од 150 милиони денари.
,,Сега е обврската на локалните самоуправи да си ги направат ребаланстие во рамки на општинските совети, да направат измена во планот на јавни набавки и потоа веднаш можат да отворат постапки за избор на изведувач на проектите, за кои што локалните смаоуправи аплицираа на вториот јавен повик. Рокот за имплементација не можеме да го предвидиме од сега, затоа што имаме проекти, кои што се на ниво на некаде по еден милион денари, но имаме и проекти кои што и повеќе од 150 милиони денари и динамиката на изведување на работите навистина зависи од габаритот на проектот. Јас очекувам динамиката од вториот јавен повик соодветно се реализира.“, рече Перински
Повеќето од половина проекти од првиот јавен повик се веќе завршени, додаде министерот Перински. Потенцираше дека останува само еден проект, кој што не е тендериран, затоа што се чекаат средствата и од вториот јавен повик.
,,Повеќето од половината се завршени, останува само еден проект, кој што не е тендериран и истиот намерно не е тендериран, затоа што една локална самоуправа ги чека средствата и од вториот јавен повик, за да може на еднаш да го тендерира целиот проект, бидејќи им беше поделе во фази. Затоа споменав дека диманиката соодветно се имплементира на терен и тоа е она што нам ни дава дополнителен мотив, затоа што едно е кога ги гледате сите овие бројки на хартија, а друго е кога ќе видите како се реализираат.“, додава Перински
Инаку, министерот Златко Перински рече дека е задоолен од реализацијата на проектите и како што истакна е посебно мотивиран кога има елан за работа во општините.
Иван Митев, М-Нет