Започна уривањето на старата автобуска станица, новата добива веќе нов лик

Започна уривањето на култната автобуска станица во штип. На местото на истата ќе се изгради вториот Лидл маркет во градот. Паралелно со рушењето на спроти маркетот се гради новата автобуска станица

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, во гостување на М Нет ТВ во емисијата „Зум анализа“ информираше дека двете предвидени локации за инвестиција веќе имаат одобренија за градба. Тој посочи дека едната локација е во понапредна фаза и на терен веќе може да се забележи изградбата на објектот.

„Двете локации кои се предвидени се веќе практично одобрени од страна на општина Штип, издадено е одобрени за градба, една локација е во понапредна фаза, на неа може да се забележи изградбата и изгледноста на објектот кој таму ќе го има. Но сепак станува збор за одлука и политика на компанијата, која верувам дека има политика во еднањ на секаде во државата да стартува со работа. Така, да верувам дека Штип нема да биде изолиран случај или некој друг град, туку, сама компанија кога ќе стартува со дејност во Македонија, ќе стартува од еднаш во сите центри во кои е стационирана, посакувам тоа да биде најбрзо што може, но согласно очекувањата верувам дека тоа е деловна политика на компанијата која има донесено одлука, ги има донесено и спроведено сите дозволи за градба, веќе има започнато со активност, но, се чека, се очекува оваа година да се стартува со дејност оваа компанија.“- Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип

Инаку Лидл планира истовремено да започне со работа и на двете локации, заедно со другите маркети во Македонија.

Дајана Сандева, М-Нет