Започна бесплатна вакцинација против сезонски грип во Штип

Од денеска започна и бесплатното вакцинирање против сезонски грип, а во тек е комерцијалното вакцинирање во Штип. Граѓаните кои се над 65 години и спаѓаат во некоја од ризичните категории граѓани, а се пријавиле за вакцинација преку смс порака добиваа термин за боцкање. Доктор Марија Димитрова вели дека поголем гужва во Здравствениот дом Панче Караѓозов во Штип не се создва бидејќи граѓаните ги почитуваат термините кои ги добиле за вакцинација.

„Од денес започна вакцинацијата против сезонски грип. Имаме заклучно со денешниот ден почеток на бесплатно вакцинирање и комерцијални вакцини. Вакцини ќе има доволно. Вакцините кои се беспалтни граѓаните се известени, треба да се пријавуваат на сајтот вакцинација.мк каде се пишуваат податоци, добиваат смс порака на кој имаат определено време во колку часот треба да дојдат на вакцина. Тоа се категории граѓани над 65 години, хронично болни, здравствени работници, брремени жени и деца од шест месеци до пет години“ – кажа Димитрова.

Комерцијалните вакцини се наплаќаат по 800 денари, но според Димитрова има доволно. Праксата од претходните години покажува дека иако помала заинтересираност кај граѓаните има.

„Комерцијалните вакцини, цената е 800 денари тие се со поограничен број, имаме 250 дози и се водеме спрема бројките од ланско потрошените вакцини. Има, бројката е помала но сепак има граѓани кои не спаѓаат во овие критични групи и возрасната категорија и кои се вакцинираат со комерцијални вакцини“ – додава Димитрова.

Граѓаните над 65 години кои денеска беа во Здравствениот дом на вакцинација велат се вакциниараат редовно од годините наназад и се задоволни.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Истовремено, Министерството испрати допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

Лаура Стојанова М-Нет