
На предупредувачи мирен протест денеска излегоа вработените од Македонски пошти, подружница Штип. Во една од најголемите екооносмски кризи кои ја зафатија државата велат оставени без навремена плата. Последен пат биле исплатени на 23 септември, а сега веќе неколку дена доцни платата. За нив велат важна е секој минута, бидејќи се останато расте па под знак прашалник се става нивната егзистенција, бидејќи дел од нив прежуваат од таа плата.
„Не ни се исплаќа платата и кога немаме испалатена плата не можеме да отидеме ниту на доктор. Треба редовно да се дава плата. Последниот пат на 23 зедовме плата, ако вака продложи едната плата ќе ни отиде“ – вели Николовски.
Ако не се исплатат платите навреме, вработените велат дека протестите ќе се радикализираат и нема да бидат за време на паузата како денеска. А во тој случај ќе трпат граѓаните. Освен за плата велат условите за работа не се задоволителни, а дополнително недостасуваат вработени, особено поштари.
Вработените од Македонски пошти и претходно излегуваа на мирен протест заради истата причина ненавремена исплата на плати. Велат решението не е за еден месец туку треба да биде константно и постојано платата да се исплаќа редовно.
Лаура Стојанова М-Нет