
Изложени над 60 ументички дела на Професор доктор Елизабета Митрева во Безистенот во Штип. Мотивирана од децата нивната изолираност и во време на пандемиска криза уефубгф создава изложба која е посебна бидејќи од хуманитарен и донаторски карактер.
„Денеска е третата по ред моја самостојна изложба, насловена како „Бакнати деца“, но оваа изложба е посебна бидејќи има хуманитарен и донаторски карактер. Бакнати деца е дел од еден подголем серијал бакнато време што јас го креирам повеќе години. Овие дела се создадени по скопското кале и охридското поднебје посветени на децата во услови на голема изолација и светска пандемија. Целата е да ја откријам вистината за да ги насликам детските души, нивните души во тажни мигови, но и во среќни и радосни денови сакав да ги пренесам на моите платна за да ги овековечам. Детскиот живот е мистична приказна и тешко може да се осознае, но исте мигови на тага и радост јас се потрудив барајќи ја силата од Бога да ги вградам во сликите и да ги пренесам во институциите каде сметам дека ќе донесат убавина“ – кажа Митрева.
Сликите од денешната изложба ќе завршат во три институции, детското одделение при КБ Штип, ДСУ за образование и рехабилитација Искра Штип и три одделение при Центарот за социјална работа Штип.

„Сликите ќе бидат дарувани после изложбава на три институции, тоа е детското одделение при КБ Штип, ДСУ за образование и рехабилитација Искра Штип и трите одделенија при центарот за социјални работи, одделение за деца со аутизам, одделение за деца со телесна и интелектуална попреченост и Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа. На ваков начин ние сите денес заеднички ја испративме пораката Дарувај слика, дарувај љубов“ – додаде Митрева
Митрева додава дека уште додека се креирале сликите во временски период од неколку години била водена од мислата дека истите треба да бидат дарувани и тоа во институции каде е најпотребно.
Лаура Стојанова М-Нет