
Од 1-ви април е започнат пописот на пчелните семејства. Со ова, пчеларите се должни да го пријават бројот на пчелни семејства. Како што истакна Доктор Методи Бреслиски, со тоа штоо ќе им се знае бројот на пчелите, по таа основа и пчеларите ќе се во можност да добијат финансиски надоместок, субвенции. Инаку пописот на пчелните семејства се врши еднаш годишно, а во минатото оваа практика била двапати годишно.
„Значи пописот е започнат и би ги советувал сите оние кои што до сега не дошле, не ги пријавиле својте пчелни семејства. Да будат попишани и да им се евидентираат пчелните семејства. Значи како резултат на попис и на клинички преглед на пчелните семејства, понатаму сето тоа се евидентира и самите пчелари добиваат субвенции за нивните пчелни семејства, финансиски се придонесува за сето тоа. Со секоја година пчелните семејства, односно нивните кошници се зголемуваат и се повеќе се зголемуваат, се повеќе е зголемен интересот на самите луѓе кои што одгледуваат пчели. Сведоци сме дека од година на година, медот постојатно ја зголемува својата цена и затоа би апелирал до младите луѓе да се занимаваат со пчеларство, бидејќи е доста добра гранка.“- Доктор Ветеринар Методи Бреслиски
Инаку пописот има за цел да ја намали бирократијата за одгледувачите.
Како што истакна Бреслиски, оваа мерка е значајна за Технологија на пчеларење и евиденција за добивање субвенции и друга поддршка во секторот пчеларство.
Дајана Сандева, М-Нет