Да не се претерува со храната по велигденскиот пост, можни се здравствени проблеми – велат штипските лекари

Едно до две јајца дневно, малку месо и постепено враќање на вообичаената исхрана – ова е препораката на лекарите по завршувањето на постот за Велигден. Наглиот премин од посна кон мрсна и обилна храна може да предизвика гастрични проблеми и мачнина. Според д-р Валентина Митрова, најголем ризик носи прејадувањето со јајца и јагнешко месо. Телото, велат експертите, не треба да се изложува на ненадеен „шок“ по денови на пост. Затоа, умереноста и постепеноста се клучни за да се избегнат здравствени компликации.

,,Oние кои што биле во пости, односно имале друг начин на исхрана, да внимаваат. Да немаат обилни оборци, бидејќи би можело негативно да се одрази на нивното здравје. Би дошло до нелагодност, гастрични тегоби, мачнина. Враќањето до нормалната состојба да биде во еден умерен облик. Јајцата се симбол на овој празник, меѓутоа тоа да биде во умереност од едно до две јајце, за да немаат проблеми со здравјето. Секако и јагнешкото месо е доста сретнато на трпезата. И тоа е по тешка мрсна храна. Да се надминуваат на голем број на јајца во текот на денот.“, вели Митрова

Јајцата, Митрова предупреди да се чуваат во фрижидер, ниако на собна температура. Вели расипаното јајце се чувствува уште веднаш, особено по нивниот мирис.

По празничната трпеза, лекарите апелираат граѓаните да го слушаат сопственото тело и да не претеруваат со внесот на храна. Доколку се појават симптоми како тежина во стомакот, мачнина или болки, се препорачува лесен режим на исхрана и внес на повеќе течности. Во случај на посериозни тегоби, потребно е да се побара лекарска помош. Умереноста останува најдобрата заштита за здравјето по завршувањето на постот.

Иван Митев, М-Нет