Западната трибина на „градски“ започна да се руши и ќе се изгради нова која ќе биде гордост на Штип

Фудбалска Федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „хет трик“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура a благодарејќи на штипската лоби група во Управниот одбор, издејствува изградба на западната трибина на градскиот стадион во Штип. Деновиве започна рушењето на западната трибина а денес се огласи локалната самоуправа на град Штип предводена од СДСМ со своја прес конференција.

Елмир Мандак се осврна и за некои спортски детали од минатата локална самоуправа:

Колку за потсетување спортската историја на Штип памети а тоа е педантно запишано дека во блиското минато на претходната власт фигурираа дури 18 прволигашки екипи кои достоинствено настапуваа во нивните првенства а денес на прсти можат да се избројат прволигашки штипски спортски екипи.

Драги Герасимов – Пушка

Монтажа : Дарко Лазев