
Замрзнати цени на производи, но не и на репроматеријали. Домашните производители на овошје и зеленчук велат дека цените ги замрзнуваат и нив и ставаат клуч на нивните оранжерии. Откако во понеделникот Владата донесе одлука за замрзнување на цените на 11 производи, еден од поголемите производители вели дека сето ова води кон затворање на оранжерии и пропаст за раноградинарското производство во земјава кое и онака е на стаклени нозе, бидејќи мораат да продаваат под производната цена.
И помалите производители се децидни во својот став дека Владата наместо да ги штити домашните земјоделци, всушност ги штити земјоделците од другите држави од каде се увезува зеленчук и овошје, со што се нарушува домашното земјоделство, а со тоа и економијата.
Граѓаните, пак, уште понезадоволни.
Одлуката за замрзнување на цените ќе важи до крајот на месецов, но веќе од вторник ќе се зголемат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот поради поскапен увоз, односно следната недела ќе има корекции на некои од цените откако се утврдило дека увозниците пријавиле поскапи цени во Царинската управа.
Ребека Спасова М-Нет