Годинава, не започна добро. Со голема болка, се простивме од врвниот виолинист Зоран Џорлев. Почина вчеравечер на Инфективната клиника во Скопје на 53 години. Според негови блиски причината за смртта, е компликации предизвикани од коронавирусот, со кој бил инфициран. Пријателите се во длабока жалост, се простуваат од него на социјалните мрежи.
Познат по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции. Обработки на филмски, џез, етно теми.
Роден во Струмица на 10 јануари 1967 година каде го помина детството. Во 1989 година дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Во јануари 2011 година беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“ каде остана до август 2017 година.
Зоран Џорлев ќе остане големиот музички великан, и секоја виолина ќе не потсетува на него. Вечна ти слава!
Надица Стојковска/ М Нет
Игор Зиврев/ М Нет