Денес 2 јануари се празнува Свети Игнат. Е христијански празник , кој православните христијани го слават. Ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Бидејќи, постои верување дека она што ќе го правите денеска, ќе го правите и цела година.
Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Поради тоа што го носел во прегратка е наречен Богоносец. Богоносец се нарекува бидејќи, според христијанските преданија. Името на спасителот секогаш го имал во своето срце и му се молел.
Според обичаите и верувањата. Оној што ќе влезе прв во куќата, се верува дека носи среќа или несреќа. Ако тоа бил млад и убав човек(момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро.
Надица Стојковска/ М Нет
Игор Зиврев/ М Нет