
На 01.01.2021 во ОВР Свети Николе бил приведен Д.Н.(50) од Свети Николе, затоа што во 16.00 часот на место викано „Долна лака“, атар на с.Аџибегово, со ловечка пушка, која неовластено ја поседувал, усмртил неколку домашни животни кои биле сопственост на Е.О.(32) од с.Лакавица, штипско. Извршен бил увид од увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.