Загина едно лице во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани

Тешка сообраќајна несреќа денеска се случи на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на клучката кај Крупиште. Загина возачот од Велес. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13.00 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски таблички. На лице место е починат 62 годишен возач од Велес, кој управувал со пикап со скопски регистерски таблички. На лице место излегоа и од ТППЕ Штип. Командирот Дарко Коцев истакна дека на терен излегле 13:30 часот.

Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница. Повредените од камионот, кој превезувал жито, се извлечени од страна на штипските пожарникари. На лице место тешки товарни камиони чекаа и по 40 минути до еден час за да поминат.

Портпаролот на СВР-Штип, Панајотова вели дека увидот од страна на полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин. Полициски службеници го пренасочуваат по стариот регионален пат., каде може да се забележи погуст сообраќај.

Лаура Стојанова М-Нет