Заврши пријавување на кандидатите за упис во прва година во академската 2026-2027 година на УГД во Штип

Заврши пријавување на кандидатите за упис во прва година во академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. Според првичните податоци, во првата уписна фаза, на студиските програми на македонски јазик, пријави поднеле околу 1.150 кандидати, што претставува над 70 проценти од предвидената државна квота на универзитетот. Проректорот за настава на УГД-Штип, Сашо Коцевски информира дека најголем интерес и оваа година е на Факултет за медицински науки, но има и зголемен интерес и за останатите факултети и академи. – Радува фактот што оваа година конкуренциајта е голема и имаме голем број на талентирани ученици и првенци на генерацијата, освојувачи на дипломи, награди и признанија. УГД на своите идни студенти ќе им овозможи одлични можности за студирање и научно усовршување како и можности за мобилност и вмрежување преку Европската Универзитетска Алијанса ACE2EU и преку Еразмус+ програмата.“Најголем интерес за медицинските науки, зголемен интерес на сите факултети. Како и изминатите години, традиционално најголем е интересот на Факултетот за медицински науки, каде што уште во првиот уписен рок целосно се пополнети предвидените места за студиските програми по Општа медицина и Дентална медицина, а остануваат уште сосема мал број слободни места за Фармација- вели проректорот Коцески. Тој посочува дека забележителен раст на пријави во овој уписен рок бележат и студиските програми од општествените науки – пред сè Економскиот и Правниот факултет, Факултетот за туризам и бизнис логистика, како и техничките науки предводени од Факултетот за информатика и Факултетот за природни и технички науки. Позитивен тренд и стабилен интерес има и за студиите по Македонски јазик и литература. Инаку на 26 август е Објавување на прелиминарните резултати, на 27 август кандидатите можат да поднесуваат приговори на прелиминарните резултати, на 31 август е Објавување на конечните ранг-листи и решенија за прием и од 1 до 3 септември е рокот за запишување на примените кандидати. На УГД Штип ќе има уште два уписни рокови во месец септември.

Ева Тушевска, М-Нет