
Некаде околу 2% до 3% од изградбата на капиталниот проект брана на река Отиња се завршени за еден месец. Од почетокот до денеска вкупно се реалзирани 40% од активностите на терен за завршување на овој долгоочекуван прокет, истакна денеска од Виница, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Финансиски средства за продолжување на овој проект во висина од 120 милиони денари има предвидено и за оваа година, со што се очекува браната да биде готова до почетокот на наредната година, во рамки на предвиденото.
„Во однос на изградбата на браната на река Отиња, таму прогресот на работите е некаде околу 40%, но можам да истакна дека и оваа година ќе имаме средства за продолжување на реализација на овој капитален проект од преку 120 милиони денари со што очекувам градежната оператива на терен да продолжи со силно темпо на реализација и да ги реалзиираме овие средства.“ – кажа Бочварски.
Во оваа прилика Бочварски посочи дека за Истокот од државата се предвидени 600 милиони евра за капитални проекти. Потребно е само да се аплицира од страна на општините. Предвидено е реконструкција на локални улици и патишта како и реконструкција на водовод и канализација.
„Што се однесеува о останатите проекти во Источниот регион преку програмата за локални улици и патишта имаме на располагање средства од преку 600 милион евра со кои очекува општините да аплицираат, централната влада да влезе во реализација со финансиска поддршка и ги реализира овие проекти за граѓаните. Остануваат и прокетите во делот на водовод и канализација и очекувам општините да бидат активни и да ги реализираат своите прокети кои се ставени на располагање од страна на џентралната влада.“ – додаде Бочварски.
Проектот за изградба на брана на река Отиња започна во 2021 година а се предвидени 306 милиони денари за нејзина реализација.
Лаура Стојанова М-Нет