Деновиве 29 семејства од Виница ќе го решат конечно станбеното прашање и ќе добијат кров над глава

Во наредните денови, откако ќе помине жалбениот период се очекува 29 семејства од ранлива категорија во Виница да добијат кров над глава. Конечната ранг листа е готова, познати се семејствата кој треба да добијат клуч од стан, односно ги исполнуваат предвидените услови и припаѓаат во една од шесте категории граѓани за да добијат социјален стан.

„Во однос на социјалните станови во Виница, таму веќе имаме конечна ранг листа на оние граѓани кои аплицирале и кои ги исполнуваат условите кои ги добиле становите. Се работи за 29 семејства, социјално ранливи категории ан граѓани и очекува дека во текот на наредните денови ќе проодлжи и постапката на изготвување на решенијата по што кога ќе завршат постапките и роковите во жалбениот дел од постапката да бидеме овде на терен и да ги доделиме договорите и клучевите на граѓаните.“ – вели Бочварски.

Деца без родители или родителска грижа со навршени 18 години кои до полнолетство биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, социјално загрозени лица, припадници на Ромската заедница и самохрани родители се групите на граѓани кои може да добијат социјален стан.

Претходниот месец излезе прелиминарната ранг листа за социјални станови за 48 семејства во Свети Николе, оваа година треба да се распределат становите во Пехчево и Кочани, како и да започне изградба на социјална зграда во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет