
Идентична ковид ситуација во модуларната ковид болница во Штип како и во текот на вчершаниот ден. Хоспитализирани се вкупно 50 ковид пациенти од кои 40 во модуларната болница и 10 на Кожното одделение кое функционира како ковид одделение. повеќе од половината односно 36 пациенти се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Од вкупно 50 те хоспитализирани 16 се вакцинирани. Во последните 24 часа примени се три нови пациенти, а како оздравени се водат четири. Регистрирано е и едно починато лице информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска, додавајќи дека сега слободни се седум кревети во модуларната ковид болница.
Сликата е иста и во Кочани. На Интерното одделение кое функционира како ковид центар се хоспитализирани девет пациенти кои се препратени од Штип, а се со полесна клиничка слика. За сега се уште нема точна информација дали и кога ќе биде повторно пуштена во функција модуларната ковид болница во Кочани, инофрмираат од кочанската Општа болница.
Согласно информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.164.177 тестирања за Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 177.399 бројката на оздравени пациенти е 156.650 , на починати е 5.964, а бројот на активни случаи изнесува 14.785.
Во меѓувреме не пречено се одвива и процесот на вакцинација со што во нашата држава вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет