
По долги години рехабилитиран е регионалниот пат од Берово до село Владимирово. Главните активности од проектот се завршени пред празникот Илинден, а остануваат уште сиутници кои треба да се довршат. Денеска во посета на беровско Владимирово беше Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој после разговорот со жителите истакна оти во вистинско време се рехабилирирал вистински патен правец.
„Со оваа инвестиција од перку 45 милиони денари реализиравме многу значаен проект, а по тоа што го видов денеска и поразговарав со граѓаните сме инвестирале во нависна право место во вистинско време и токму пред Илинден овој пат беше завршен. Треба да се заврши уште поставување на банкините, сообраќајните знаци и со тоа ќе затвориме уште едно прашање“ – вели Бочварски.
Во оваа прилика градоначалникот на Берово, Пеќески упати благодарност оти и жителите од беровско добиваат квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот.
„Огромно благодарам за поддршка која ја дадоа на Општина Берово за подобра комуникација со село Валдимирово.“ – вели Пеќески.
Од листата проекти предвидени за реализација пред пет години останале уште неколку, посочи Бочварски додавајќи дека ќе продолжат да инвестираат во проекти за подобар живот на граѓаните.
Лаура Стоjaнова М-Нет