
Пензионерите во Штип денеска излегоа на мирен предупредувачки протест пред Здружението на пензионери. Бараат зголемување на пензиите линеано, а не процентуално. Велат дека со 6% колку што е најавено не можат да купат храна и лекови, па тешката ситуација ја раскажуваат со солзи во очите.
“Малку е покачувањето на пензионерите 6%, а на тие многу што работат во собранието 78%, треба и за нас да има толку, линеарно. Сакаме по 3.500 денари сите да добиеме на нашите пензии плус.“ – велат пензионерите.
На протестот дојде и претседателот на Здружението на пензионери Штип, Ристе Нетков. Вели дека стои зад сите барања на пензионерите, дпдаде дека во понеделник ќе ги презентира во Скопје, а веќе во вторник ќе се знае конечната одлука за пензиите и нивното покачување.
„Сѐ што е во интерес на пензионерите, метреијалните, финансиски средства стоиме позади тоа во рамки на Законот. Нивните барања ги поддржуваме во делот дали тоа ќе биде процентуално покачување или линеарно. Доколку има можност да се корегира законската измена за линеарно покачување стоеме позади сите барања на пензионерите“ – вели Нетков.
Пензионерите на протест излегоа откако од Министерството за труд и социјална политика најавија ново зголемување на пензиите за 6%. Велат дека ваквите минимални покачувања се неосетливи на високиот стнадар за живот.
Лаура Стоајнова М-Нет