
На мирен предупредувачки протест излегоа граѓаните во Кочани поради горењето на градската депонија. Во близина на селото Бели протестираа еден час, со цел надлежните да излезат на терен да ги слушнат нивните брања и да става ткрај на долгогодишниот проблем со депонијата која речиси постојано е запалена и чади. Ќе се протестира секој ден, оти решение мора да се најде, велат граѓаните.
„Во 21 век ние имаме проблем со градската депонија која неконтролирано се пали и чади вече повеќе од половина година. Преку граѓанска инцијатива сакаме да упатиме една порака до надлежните и да и кажеме дека ние сме тука, не за да ги укориме иако го заслужуваат тоа туку да најдеме решение.“ – вели Илијев.

За овој проблем се протестираше и претходно ама до денеска ништо не е променето. Жителите и понатаму не можат да излезат во двор оти неконтролирано се пали депонијата, а велат дека надлежните немаат интерес за да го решат проблемот.
„Депонијата којшто е очигледно еден од најгорливите проблеми на жителите ама за жал надлежните немаат изгледа доволно сила да загризат и да го решаваат проблемот. Мислам дека на ваков начин со еден протест треба да почнат да си ја работат работата.“ – вели Филипова Свеќаровска.
Граѓаните ги повикаа надлежните од КЈП „Водовод“ Кочани и Локалната самоупрва да излезат на терен да разговаарат и конечно да се стави крај на проблемот стар со години.
Лаура Стојанова М-Нет