
Од понеделник освен теренската вакцинација на повозрасното население во руралните средини, започнува и процесот на имунизација на деца над 12 годишна возраст. Во меѓувреме продолжува вакцинацијата со кинески синовак со слободен влез за сите граѓани кои сакаат да примаат прва доза вакцина. Во салата Јордан Мијалков во Штип прва доза вакцина ќе се аплицира уште утре, а од понеделник тоа ќе се прави во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“.
Заинтересираноста на граѓаните кои сакаат да примаат прва доза вакцина е со намелен интезитет, но Постолов вели ова се должи на тоа што добар дел од граѓаните веќе се вакцинирани и ревакцинирани. Истовремено медицинскиот кадар кој работи неуморно е доволен и подготвен за да им одговори на барањата на гараѓаните.
Сигурност и здравје пред се се главните причини за граѓаните да се одлучат да примаат прва доза вакцина.
За теренската вакцинација од понеделник планирано е во рок од десет дена да бидат поминати сите села во Штип и Карбинци.
Според информации од Министерството за здравство вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 652.680 дози вакцини, а ревакцинирани се 243.727 граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет