Завршена кампањата од 16 дена активизам за борба против насилството

Со молк во чест на сите жртви на насилство завршена кампањата за борба против насилството. Преку јавен собир заврши одбележувањето на 16 дена активизам во рамки на Светскиот ден за борба против насилството. На оваа активност ѝ претходеа трибини, конференции, настани и акции за собирање донации и креирање стратегии за понатамошна борба и искоренување на насилството.

„Денеска се собравме заедно овде на овој настан како завршница на глобалното светско движење со 16 дена активнизам против родово базираното насилство, особено семејното насилство. Пораката е да се каже стоп на семејното насилство и да се биде храбар. Секоја година во точни датуми, од 25.11. до 10.12. се случува ова активистичко организирање, а кај нас оваа година во организација на сопругата на бугарскиот амбасадор, Билјана Ангелова – Били. Овој неформален јавен собир е со цел да ги соедини сите засегнати страни во овој социјален проблем“, вели Тања Кирова.

Светскиот ден за борба против насилството се одбележа на 25 ноември, по што следеше 16 дневен активизам. Целта беше да се подигне свеста против насилството врз жени и девојки, особено семејното насилство.

Ребека Спасова МНет