
Посета на училиштата во Штип беше дел од денешната агенда на Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Тој го увиде текот на наставата во време на пандемија. Истовремено, на средбите се разговараше за тековните и идните активности во училиштата, но и за моментната состојба во истите.
„Целта на посетата е да се запознаам одблизу со состојбата во основните училишта. Направивме денес разговор со директорката на ООУ „Тошо Арсов“. Овде се запознавме со состојбата, со начинот на којшто се одвива наставата во време на пандемија. Исто така, со идните планови за реконструкција и за реализирање на одредени проекти коишто ќе значат подобрување на условите за децата и наставниот кадар во овие училишта“, рече Јорданов.
Според Јорданов, ваквата посета е показател за одличната соработка помеѓу Локалната самоуправа и директорите на училиштата, иако истите се назначени од претходната власт.
„Како што можете да забележите, јас имам соработка со останатите директори на основните и средните училишта. Доаѓаме во посета со цел да покажеме дека соработка продолжува и во мојот мандат и покрај тоа што овие директори се назначени од претходниот градоначалник“, додаде Јорданов.
Тој денес го посети прво ООУ „Тошо Арсов“, па ООУ „Димитар Влахов“, каде се сретна со директорите, учениците и врботениот кадар.
Ребека Спасова МНет