
Исечени дрва и простор кој се подготува за на него да „никнат“ нови фотоволтаици, ова е приблем кој ги загрижува граѓаните од село Неокази, пробиштипско. Излегоа на мирен протест со низа прашања до надлежните во Општина Пробиштип. Велат дека дрвата стари со години сега се исечени за да се постават фотоволтаици. Прашуваат дали ова значи дека селото е пред уништување и има ли начин истото да се спречи.
„Имаме едно прашање го годподата : Дали урбаната заедница Неокази е предодредена за селидба или за уништување, бидејќи од сите страни сме заобиколени со негативни елементи така да сега ни е проблемот со боровите кои моите генерации ги садеа, а некој си дозволува да ги сече до уништување. Има ли начин ова да престане“ – прашуваат граѓаните.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов потенцираше дека станува збор за приватни парцели и дека општината овде нема никаква надлежност. Додава дека тие парцели претходно биле во сопственост на жители од Неокази кои сами одлучиле да ги продадат.

„Околу земјиштето кое е во атарот на село Неокази, таму станува збор за земјиште кое е во приватна сопственост. Причината за продажбата на земјиштето веројатно е оти земјиштето тие не го обработуваат и за да нема дилема кај нашите граѓани повторувам, таму станува збор за приватни парцели. За инвестициите на фотоволтаици, сѐ она што е над петта категорија се добвива дозвола за поставување.“ – вели Анастасов.
Во оваа прилика Анастасов потенцираше дека земјиштетото е од петта категорија, не се обработува и поставувањето на фотоволтаиците е од големо значење за сите.
„Секаде онаму каде земјоштето е плодно сум против изградба на фотоволраици, ама онаму каде не се користи ваквите инвестиции се добредојдени за периодот кој следи“ – додава Анастасов.
Анастасов го охрабри граѓаните доколку е прекршен некој член од Закон да реагираат до наделжните институции.
Лаура Стојанова М-Нет